ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На 6 април СДСМ ќе избира претседател, Филипче е единствен кандидат

Внатрепартиските избори за претседател на Социјадемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), кои беа одложени поради трагедијата во Кочани, ќе се одржат на 6 април, одлучил Централниот одбор на партијата на синоќешната седница.

Како што претходно утврди Централната изборна комисија на партијата, единствен кандидат за претседател на СДСМ е актуелниот лидер, Венко Филипче.

Тој за претседател на партијата беше избран на вонредни внатрепартиски избори на крајот на јуни, минатата година, откако неговиот претходник на функцијата, Димитар Ковачевски си поднесе оставка по лошиот резултат на СДСМ на парламентарните и на претседателските избори.

Првично редовните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ беа закажани за 16 март, но беа одложени, откако рано утрината истиот ден во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани се случи трагичниот пожар во кој загинаа 59 лица, а речиси 200 беа повредени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button