ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
На Балканот не ни требаат граници, тука живеат братски народи, вели Ковачевски

На Балканот не ни требаат граници бидејќи тука живеат братски народи коишто политиката низ години во минатото ги раздвојувала, рече премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес конференција со албанскиот премиер Еди Рама, одржана по завршувањето на заедничката седница на владите на Македонија и Албанија во Скопје.
„Кога ќе излезете на запад од Србија, кон Хрватска, таму веќе нема граници. Единствените граници коишто се останати се границите на Балканот. Помеѓу Македонија и Албанија, помеѓу Македонија и Косово, помеѓу Македонија и Србија. На нас тие граници не ни требаат. Овие народи што живеат тука се братски народи коишто политиката низ годините ги правена да не живеат меѓу себе“, рече Ковачевски.