ЕКОНОМИЈА
На берзите нафтата поевтини за дури 13%

Глобалните цени на нафтата паднаа денеска на светските берзи најмногу за изминативе две години, односно за дури 13%. Тоа следуваше откако Обединетите Арапски Емирати, соопштија дека ќе го зголемат производството на нафта на пазарот. Суровата брент-нафта изнесува 111 долари за барел. И Саудиска Арабија може да го зголеми производството. Дополнителното снабдување од ОПЕК би можело да компензира за некои недостатоци во снабдувањето создадени од нарушување на продажбата на нафта од Русија поради економските санкции.