ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На болницата за нефрологија во Струга недостигаат доктори и сестри

На болницата за нефрологија во Струга недостигаат доктори и сестри

Иако низ струшка нефрoлогија годишно поминуваат, повеќе од 14.000 пациенти, болницата се соочува со сериозен недостаток на здравствен персонал. Раководството се надева на помош од Министерството за здравство, со цел да се реши овој голем проблем. Од таму добиле ветување дека по Нова година ќе имаат нови вработувања, со што ќе се зголеми бројот на медицински персонал, кое ќе придонесе за подобрување на квалитетот на услугите.

Advertisements

„Имаме дефицит од медицински кадар, но од Министерството за здравство ни е ветено дека ќе имаме нови вработувања и овој дефицит ќе се подобри. Имаме потреба од вработување на седум лекари, десет медицински сестри , чистачи и друг помошен персонал“, рече Јетмир Зиба-директор на Завод за нефрологија- Струга.

Дел од проблемот, како и во сите здравствени установи, е решавањето на статусот на вработените со договор на дело. Во многу болници многу од нив работат по повеќе години.

„Со договор на дело во моментот имаме 25 вработени, кои чекаат решение за работа најмногу две години. Министерството за здравство ги помина последните состаноци за прилагодување на статусот на овие вработени“, додаде Јетмир Зиба-директор на Завод за нефрологија- Струга.

Со странска помош од Швајцарската амбасада,во болницата, реновиран е објектот за холидеј хемодијализа, кој ќе има за цел пациенти од странство, да дојдат и да се лекуваат во болницата.Во главниот објект меѓу другото, извршена е реконструкција ,поставен е безжичен систем за болничка дојава во одделот за интензивна нега, а воспоставен е и централен систем за дистрибуција на кислород.

„Целта на овој проект, односно на реконструираната болница Нефрологија-Струга и холидеј дијализа, е промоција на здравствениот туризам во нашиот регион. Југозападниот регион изобилува со природни знаменитости и со овие здравствени установи во целиот регион, правиме едно заокужувње низ целиот Охридски брег, за развој на туризмот во овој регион“, нагласи Ваљон Каба-директор на Центар за развој на Југозападен плански регион.

„Создадовме услови за развој на здравствениот туризам, кој ќе биде од значење не само за Струга, туку на целиот југозападен регион. Очекуваме пациенти од соседните земји, од нашата соседна земја“, рече Ерџан Селими-заменик министер за локална самоуправа.

Пред неколку години беше реконструирана кровната конструкција, на болницата, меѓутоа директорот Зиба, вели дека се уште имаат проблеми со кровот. Само во 2023 година во болницата се изведени повеќе од 16.000 хемодијализи./Алсат.мк

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button