МАКЕДОНИЈА

На четвртиот ден од задоцнетиот старт на учебната година многу ученици останаа надвор од онлајн наставата

На четвртиот ден од задоцнетиот старт на  учебната година многу ученици останаа надвор од онлајн наставата. Некои поради немање на интернет и опрема за работа, а други затоа што сè уште не добиле лозинки од Министерството за образование.

Advertisements

„Сè уште не сме ја добиле лозинката. Се надевам дека ќе се вратиме на училиште ”

Што ви рече наставникот? Дека ќе ни испрати лозинка. Што правите овие денови додека не започне наставата? Ја чекам наставничката да ги земам книгите. Дали ви кажа кога ќе започнете со настава? ”Не ”

Други ученици кои ги добиле лозинките не знаеа како да се вклучат во онлајн наставата.

„Што ви даде наставникот? Ова за онлјан. Дали ви објасни нешто наставникот?  Не разбрав ништо”

Од основното училиште „26 Јули“ во Шуто Оризари велат дека сите лозинки се очекува да пристигнат во текот на денот. Причината за доцнењето, велат тие, се текничките проблеми во Министерството за образование.

„Се очекува денес, до крајот на работното време, сите ученици  да добијат лозинки. Има доцнење поради технички проблеми, не зависи од нас, туку од Министерството за образование. Учениците кои добиле лозинки веќе се приклучуваат на  онлајн наставата, распоредот е направен, ние сме скоро 90% подготвени, бевме подготвени и на 1 октомври ”.

Од Министерството за образование не дадоа конкретен одговор за доцнењето на лозинки во основното училиште „26 јули“. Тие додаваат дека оваа институција континуирано ќе обезбедува поддршка на училиштата се додека не се обезбеди максимална функционалност на платформата и сите ученици не се вклучат во учењето од далечина. Според Министерството за образование, веќе 80% од учениците се вклучени во онлајн наставата. Мелихате Рустеми 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button