ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На денешната седница на Собранието беа избрани тројца потпретседатели

На денешната седница на Собранието беа избрани тројца потпретседатели

Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митрески од СДСМ и Весна Бендевска од Движењето ЗНАМ денеска се избрани за новите потпретседатели на Собранието. Тие добија поддршка од мнозинството пратеници откако претходно собраниската Комисија за избори и именувања ги утврди како потпретседателски кандидати. Јован Митрески го употребуваше уставното име на државата, додека Бендевска избра друг начин да ја каже заклетвата, односно се обврза дека ќе ги почитува Уставот и законите на РС Македонија.

„Изјавувам дека функцијата потпретседател на Собранието на„ РС Македонија“ ќе ја извршувам со чест и одговорност и ќе ги почитувам законите и Уставот на „РС Македонија“.

Комисијата за избори и именувања ја одобри и одлуката за апанажа за 36 пратеници од претходниот состав кои ќе примаат плата од околу 1.800 евра во период од 6-12 месеци. Техничкиот премиер Талат Џафери, истовремено пратеник од редовите на Европскиот фронт, платата за наредниот месец ќе ја земе од Собранието, а не од Владата. Беше прифатено и барањето за остварување на отпремнина при заминување во пензија на тројца поранешните пратеници./Алсат.мк
Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button