СВЕТ

На Денот на Европа, Калас и неколку европски МНР во посета на Украина

Министрите за надворешни работи на европските земји и високата претставничка на ЕУ, Каја Калас, се во посета на Украина на Денот на Европа, објавија денеска Калас и украинскиот премиер Денис Шмихал на социјалните мрежи.

Advertisements

„Денеска заедно со Украина и нејзиниот народ го славиме Денот на Европа. Затоа што во семејството се делат и радостите и тешкотиите. Заедно со министрите за надворешни работи се залагаме за траен мир со Украина. За иднина во која веруваме“, напиша Калас на Икс.

Шефицата на европската дипломатија сподели фотографија на која е заедно со премиерот на Украина Денис Шмихал и министерот за надворешни работи Андриј Сибиха.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button