На детето пронајдено кај Рашче не му е загрозен животот, велат од Клиниката за детска хирургија
На детето пронајдено кај Рашче не му е загрозен животот, велат од Клиниката за детска хирургија

По тешката сообраќајната несреќа во која попладнето автомобил излета од патот кај селото Рашче и падна во Вардар, луѓе кои се нашле на местото пронашле четиригодишно дете кое било во автомобилот, а според неофицијални информации, излетало од возилото пред тоа да падне во реката.
Детето прво било однесено во ГОБ „Св. Наум Охридски“, а оттаму потоа во Клиничкиот центар, соопшти полицијата.
Според директорот на Клиниката за детска хирургија, д-р Лазо Јовчески, детето нема повреди кои би му го загрозиле животот.
– Здравствената состојба на пациентот згрижен на Клиниката на детска хирургија е стабилна, направени се иницијални проценки, одредени биохемиски параметри и компјутеризирана томографија, коишто се уредни, меѓутоа поради начинот на кој настанале повредите, детето е задржано за опсервација, вели д-р Јовчески за телевизија „Сител“.