ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На двоецот од ДУИ, Алими и Гури, кои беа осудени за изборни нерегуларности повторно ќе им се суди

Апелација ја укина пресудата против функционерите на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури. Ова значи дека случајот „Титаник 3“ за изборни нерегуларности оди на повторно судење во Кривичниот суд. Тие беа осудени на по три и пол години затвор, но се жалеа пред повисокиот суд. Министерот за правда, Бојан Маричиќ уверува дека немало политички пазар за овој случај, каде на обвинителна клупа се лица кои биле дел од партискиот врв на нивниот коалиционен партнер ДУИ.

„Јас можам да ве уверам дека на ниво на влада немало никакво пазарање за судски случаи, ниту пак таква дискусија некогаш се наметнала“, рече Маричиќ.

Обвинителот Гаврил Бубевски, кој го застапува овој предмет е разочаран од одлуката на Апелација.

„Овој предмет е голема шанса за правоссудството од минус еден да дојде до нула доверба. Треба само веднаш Советот на обвинители да го земе обвинителскиот предмет, Судскиот совет, судскиот предмет и што е гнило или нестручно, веднаш да се разреши“, вели обвинителот Бубевски.

Одлуката да се донесе одлука „Титаник 3“ да се укине се донела тесно со 3 гласа „за“ и „два“ против. Судиите Енвер Беџети кој е известител за предметот, Ѓоко Ристов и Лидија Чачева биле за укинување на првостепената пресуда, додека судиите Јани Нича и Тања Милева биле да се потрврди пресудата од три пол години затвор за Алими и Гури. Според обвинението на поранешното СЈО, двоецот од ДУИ во 2013 – та година за време на локалните избори уништиле изборен материјал во Чаир.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button