На една адреса 10 портали и компании формирани за да ѝ служат на ДУИ за медиумска пропаганда

Пропагандната артилерија на ДУИ преку неодамна создадените портали произлегува дека е во сопственост на лице чиј идентитет неодамна беше откриен. Илирјана Бајрами е основач на „Infinite Solutions 2023“. Радио Слободна Европа и истражувачката мрежа Призма.мк открија дека најмалку 10 портали кои ги користи ДУИ за вршење пропаганда и напад на оние кои не размислуваат како нив, се под капата на компанијата основана од Илирјана Бајрами. Станува збор за сопругата на Кујтим Бајрами, вработена во кабинетот на директорот на Државна лотарија, Перпарим Бајрами. За самата лотарија во последно време многу зборува албанската опозицијата поради сомнителните договори со фирми блиски до ДУИ и законските измени за игрите на среќа.
Двата најистакнати портали кои јавно ја линчуваа претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми преку лажни вести и клевети со цел да го оцрнат нејзиниот имиџ, деск.мк и редакција.mk, излегоа дека се во сопственост на компанијата „Infinite Solutions 2023“. Таа компанија, според Централниот регистар е основана на 28 март годинава. Има заведено 308 илјади денари трошоци за опремување на работните канцеларии. Трошоците се легитимираат врз основа на проценката направена од проценител од Куманово.
Друг портал кој е вклучен во групата на пропагандни портали е индекс.мк. Излегува дека компанијата се води на име на директорот на Лотарија, Перпарим Бајрами и уште едно лице по име Фатон Шоши. Компанијата е основана во мај 2021 година. Фејсбук профилот на порталот индекс.mk произлегува дека пред неколку години бил фан-пејџ на ДУИ.
Горенаведените портали спроведоа црна кампања против претседателката на Врховниот суд, особено откако таа обзнани дека има политички притисоци за враќање во сила на аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов од 2016 година. Создадените трендовски наслови и фотографии имаа за цел да ја претстават Адеми како нова Катица Јанева, а имаше и тврдења за нејзини врски со различни бизниси и компании. Порталите за кои станува збор, исто така, водат и пропаганда против опозициските партии и јавни личности кои излегуваат со ставови против ДУИ.
АЛСАТ