ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На една година од членството во НАТО, Заев ги „рефрешира“ односите со Кина

Односите на Скопје со Пекинг се освежуваат. Кинескиот министер за одбрана Веи Фенге за време на престојот во државава со своите највисоки државни функционери разговараше за забрзување на доставата на 200 илјади кинески вакцини, но и за укинување на визите меѓу двете земји. Во меѓувреме, претседателот Стево Пендаровски му вети на Фенге дека земјава ќе продолжи да соработува со Кина во рамките на „процесот 17 + 1“.

Advertisements

Според поранешниот амбасадор во Кина, Оливер Шамбевски, оваа посета на генералот Фенге е важна и може да ги продлабочи билатералните односи. Според него и покрај тоа што земјава е дел од НАТО, неопходна е соработка и со Кина.

Преку процесот на соработка 17 + 1, Кина има за цел да ја постигне својата геостратешка цел за економски и транспортни коридори позната како „Нов пат на свилата“. Шамбевски вели дека за реализација на овој проект има потенцијал, но тоа треба да се случи само доколку се обезбедат придобивки за сите вклучени држави во него.

Во време кога Владата има намера да ја продлабочува економската соработка со Кина, а Министерството за надворешни работи најавува заживување на економската дипломатија, функцијата амбасадор во Пекинг останува празна. Скопје таму нема свој претставник уште од јуни 2016 година кога му заврши мандатот на амбасадорот Илија Исајловски. Од Министерството за надворешни работи за Алсат велат дека владината процедура за назначување на нов амбасадор во НР Кина продолжува и оти очекуваат ова позиција да биде пополнета, но дури до крајот на годинава.

Анеса Салиху

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button