МАКЕДОНИЈА

На Фатиме Фетаи ѝ фалеле документи, ништо од фотелјата на Јовески

Советот на јавни обвинители денеска даде зелено светло за само еден од тројцата пријавени кандидати за наследник на Љубомир Јовески кој замина во пензија. Едногласна поддршка доби Љупчо Коцевски и тој ќе ѝ биде доставен на Владата за натамошно процесирање до Парламентот. Кандидатката Лидија Рајчевиќ доби негативно мислење, а оценката за обвинителката Фатиме Фетаи не беше ни разгледана поради недостиг на комплетна документација. Според процедурите, Владата треба да му го предложи на Собранието името на кандидатот за нов државен обвинител. На тоа место како в.д. сега се наоѓа Соња Симовска. Мандатот Јовески истече завчера.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button