ВЕСТИСВЕТ

На Филипините им се приближува тајфунот Усаги, петта голема бура за три недели

Петтата голема бура за три недели. Тајфунот Усаги, денеска се приближи до Филипините, што предизвика уште една голема евакуација и барање од Обединетите нации за итни средства за помош на владата да ја олесни ситуацијата во тешко погодените области.

Advertisements

Тајфунот Усаги, со ветрови од 185 километри на час, се очекува денеска да го погоди брегот на провинцијата Кагајан во северниот дел на Лузон, најнаселениот земјоделски регион во земјата и дополнително да зајакне, пренесува АП.

Државната метеоролошка агенција предупреди на опасни по живот плимни бранови до три метри, во крајбрежните области на Кагајан и седум други блиски провинции и островски групи и ги повика сите бродови да останат во пристаништето или веднаш да го избегнуваат отвореното море.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button