ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На Галичица пронајдени артилериска граната и рачна бомба од Првата светска војна

Пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) вчера интервенирале за безбедно отстранување на артилериска граната од 75 милиметри и рачна бомба, двете со потекло од Првата светска војна, а кои се пронајдени во преспанскиот дел од Националниот парк „Галичица“.

Advertisements

Пронајдените средства, иако веќе биле употребени, претставувале потенцијална опасност за сите посетители на природата, како и за пожарникарите кои гаснат шумски пожари во тој предел.

Артилериската граната од 75 милиметри, која била истрелана и помината низ топовска цевка, но временската запалка од непознати причини не извршила активација, и германската одбранбена рачна бомба, иако со активирана каписла од времето кога била фрлена, сè уште носеле ризик од несакана експлозија.

Опасноста од активирање кај ваквите веќе истрелани гранати постои при удар, допирање на запалката, или при висока температура, како на пример за време на пожар.

Двете неексплодирани убојни средства се безбедно подигнати и транспортирани на безбедно место за понатамошна постапка до нивно уништување, согласно оперативните стандардни процедури. Отстранувањето на двете неексплодирани убојни средства било извршено од пиротехничарот Ѓорги Стефанов од ДЗС Битола и овластениот пиротехничар Митко Ташков од ДЗС Гевгелија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button