ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На ГП „Меџитлија“ запленети педесетина женски чанти и куфери

Царинските службеници на граничниот премин „Меџитлија“ на македонско-грчката граница спречиле обид за шверц на 45 женски чанти, четири куфери и еден ранец.

Непријавената стока, соопштија утрово од Царинската управа, била откриена при контрола патничко возило кое се пријавило за влез во државата.

„Поради сомнение во изјавата на возачот, извршена е физичка контрола на возилото, при што во возилото во просторот помеѓу седиштата и во багажниот простор пронајдени се непријавени 45 женски чанти, 4 куфери и 1 ранец“, се вели во соопштението на Царината.

Оттаму додаваат дека непријавената стока е привремено задржана, а против лицето е поведена соодветна прекршочна постапка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button