ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
На ГП „Табановце“ и „Богородица“ за влез и излез од државата се чека околу еден час

Од Автомотосојузот на Македонија информира дека утрово на граничните премини Богородица и Табановце поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање за излез од државата е околу еден час.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, соопшти АМСМ.