ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
На граничниот премин Табановце се чека околу еден час

Околу еден час се чека за влез во земјава на граничниот премин Табановце. Причината, како што информира Авто мото сојузот на Македонија, е зголемената фреквенција на возила.
На останатите гранични премини, од македонска страна не се забележуваат подолги задржувања за влез и излез од државата.