На Груби му се губи секаква трага-три недели го нема поранешниот вицепремиер
На Груби му се губи секаква трага-три недели го нема поранешниот вицепремиер

Поминаа 23 дена откако поранешниот вицепремиер Артан Груби отпатува во приватна посета на Косово. Штом ќе ги исполнел обврските, ќе се врател дома кај своето семејство. Но, се чини дека посетата и обврските се уште не се завршени. Освен Груби, во Македонија го нема ни Перпарим Бајрами, поранешниот директор на Државна лотарија. За двајцата, Министерството за внатрешни работи има распишано меѓународни потерници, откако Кривичниот суд им изрече 30-дневен притвор.
Алсат стапи во контакт со адвокатот на Артан Груби, Владимир Доневски. Тој не сакаше да открие нови детали за тоа каде е неговиот клиент и дали ќе се врати во Македонија. Тој рече дека не сака да открие ништо друго освен она што го има наведено во официјалното соопштение за медиумите, во кое се наведува дека нема основа за кривичното дело за кое е обвинет Груби.
Алсат контактираше и со адвокатот на Перпарим Бајрами, Антонио Апостолоски. Тој ни кажа дека не знае каде е неговиот клиент и не сака да споделува нови информации со цел да не го оштети судскиот процес. Пред околу три недели, Апостолоски рече дека Бајрами не избегал, но веќе неколку месеци не е во Македонија.
За локацијата на Груби, во последно време имаше различни верзии. Владејачките албански партии инсистираат на тоа дека Груби е во Албанија, додека Министерството за внатрешни работи сé уште нема официјални информации за локацијата. Во меѓувреме, лидерот на ДУИ Ахмети, рече дека Груби е некаде на албанска територија и е добро. Тој рече дека ќе се врати во Македонија, но кога ќе нема селективна и одмаздољубива правда.
Бајрами како првосомничен и Груби како втор, се осомничени за злоупотреба на државниот буџет за над 8.2 милиони евра. Тие се обвинети за сторено кривично дело „измама во службата“ од член 354 од Кривичниот законик, со кое е предвидена казна затвор од најмалку четири години. Покрај нив, има уште четворица осомничени, на кои им се одземени пасошите и тие се оеомничени за дела за кои се пропишани најмалку 5 години затвор./Алсат.мк
Зекирија Хаџиу