МАКЕДОНИЈА

На Халкидики голема потрага по двајца млади Македонци кои исчезнаa во морето

Потрагата од воздух по двајцата пливачи коишто попладнево изчезнаа во водите во близина на областа Посеиди, на првиот крак на Халкидики, е прекината поради затемнувањето, пренесуваат грчките медиуми. Како што се додава, во спасувачката акција се вклучени и тимови доброволци.

Advertisements

Претходно дел од медиумите пренесоа дека станува збор за тројца македонски туристи кои по роденденска забава, скокнале во морето, по што двајца од нив биле однесени од брановите.

Крајбрежната стража била информирана од капачи кои виделе како тројцата млади момчиња биле однесени од морската струја. Крајбрежната стража пронашла еден од исчезнатите кој веднаш бил пренесен во болница. Потрагата по двајца се уште трае. Исчезнатите се на возраст од 20 и 23 години.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button