ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На Избирачкиот список кој ќе биде ставен на увид ќе може да се проверува дали и лица со украден идентитет се уште можат да гласаат

За десет дена Избирачкиот список ќе биде ставен на увид пред граѓаните. Државната изборна комисија извести дека од 21 – ви август до 9 – ти септември, јавноста ќе може да ја провери новата состојба на податоци на гласачи со право на глас на престојните локални избори. Ние го проверивме Ибзирачкиот список, кој според веб страната на ДИК последно е ажуриран на први мај годинава. Внесовме имиња за кои во минатото веќе пишуваме дека имаат право на глас, а се спорни гласачи. На списокот се уште фигурира гласач со украден идентитет. Владмир Варелов и по неколку циклуси избори, уште гласа во скопска Кисела Вода, иако се утврди дека идентитетот му го украл Горан Грујевски, поранешен началник во УБК. Грујевски го нема во Избирачкиот список на улицата каде последно беше запишан, но може да гласа како Владимир Варелов кој инаку му беше колега во сега расформираната УБК. Прашавме во ДИК за пропустите, но и за фактот што лажниот Варелов со години не е отстранет од Избирачкиот список. Ни одговорија:

Advertisements

Државна изборна комисија

„Овие податоци Министерството за внатрешни работи ги доставува до ДИК четири пати годишно, како и по распишување на избори. Надлежноста на ДИК е да врши распределба на тие податоци по избирачки места. Прашањето кое Вие го поставувате зависи од спроведувањето на други законски постапки пред судовите и други надлежни институции, а кои се однесуваат на поништување на лични документи, матични броеви и идентитет“

Пред три дена, Министерството за внатрешни работи посочи дека до Државната изборна комисија ги доставило податоците за сите граѓани, или нов ажуриран список, вклучително и отпечатоците од прст за да се користи уредот „фингерпринт“, кој веднаш на гласачкото место дава потврда за идентитетот на гласачот. Тендерот за отчитувње на податоци го доби германската фирма „Дермолог“. Од 21 – ви август, увидот во Избирачкиот список ќе покаже дали МВР ги отстранило лицата како Владмир Варелов, кому му беше украден идентитетот, но и покрај тоа, фигурираше како гласач.

Bojan Stojanovski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button