ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На измени на Изборниот законик ќе се работи на помалку од една година пред избори

На 3 мај ќе се одржи конститутивна седница на работната група за изборни реформи формирана од Министерството за правда, која ќе треба да ги имплементира препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а паралелно да работи и на нов Изборен законик. Прашање е дали оваа група ќе успее да изработи измени на Изборниот законик што би го минале со консензус собранискиот филтер најмалку шест месеци пред избори имајќи предвид дека во првата половина на следната година треба да се одржат претседателски и парламентарни избори.

Advertisements

Оптимизам постои, но дали е тој реален останува да се види откако претставниците во групата ќе ги соопштат своите согледувања и ставови.

Претседателот на работната група адвокатот и поранешен претседател на Државната изборна комисија Александар Новаковски за МИА изјави дека приоритетите треба да ги утврдат сите заедно.

– Приоритетите кои се ќе треба да ги утврдиме заедно сите. Јас само ќе ја предводам таа работна група, транспарентно мислам да се работи, за да се дојде до одредени усогласувања, прво со забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, кои се провлекуваа низ изборни циклуси и многу се исти, но секако не се превземаат навреме промени за да се усогласат. Исто така таму има и една забелешка во која се бара да се размисли и да се направи нов изборен законик, вели Новаковски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button