ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На „Криволак“ започнува воената вежба „Брз одговор 23“

На армискиот полигон „Криволак“ денеска започнува вежбата „Брз одговор 23“ која што е дел од најголемата мултинационална вежба во Европа оваа година „Defender Europe 23” и ќе трае до 2 јуни.

„Брз одговор 23’“ ќе се изведува во осум земји во регионот, меѓу кои Северна Македонија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Косово.

Во делот од вежбата што ќе се реализира во Северна Македонија, односно на армискиот полигон „Криволак“, ќе учествуваат околу 1 850 припадници на четири НАТО армии – САД, Северна Македонија, Албанија и Црна Гора, како и една земја партнер, Косово.

Дополнително, Армијата на Северна Македонија со околу 130 припадници ќе учествува во реализацијата на оваа вежба и во Германија, Словенија, Хрватска, Косово и Албанија.

Целта на вежбата е подобрување на воените способности и интероперабилноста на сојузниците и партнерите. Преку изведување на здружен опсег на операции мисии и активности, вежбата ќе влијае на подобрување на брзината на дејствувањето и усогласување на оперативните процедури.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button