ВЕСТИСВЕТ

На Курбан Бајрам пораки и молби за мир во завојуваните земји

Празничната атмосфера на Курбан Бајрам се почувствува низ цела Албанија, Косово и другите земји со муслиманско население. Не недостигаа пораки за мир, љубезност, единство, разбирање и меѓурелигиска толеранција, но посебен акцент беше ставен на молитвите за земјите зафатени од војна.

Поради адаптација на плоштадот Скендербег за следење европски натпревари, централната манифестација на бајрамската молитва во Тирана беше поместена на неколку метри, на булеварот „Паднати борци“.

„Нека овој празник ни донесе добрина и просперитет во нашите домови, нашите семејства, нашите деца и остатокот од светот, посакувам и се надевам дека Господ ќе даде мир и добрина меѓу луѓето, а особено таму каде што има воени жаришта, бидејќи и тие имаат право да го слават, не само овој празник, туку сите празници”, рече Бујар Спахиу, претседател на муслиманската заедница на Албанија.

„Го молиме Семоќниот Бог да го врати мирот во Палестина и Украина. Нашите верски празници треба да се искористат за да се донесе среќа и радост во срцата на оние кои имаат потреба, да ги лекуваме болните, да ги посетуваме роднините, да разменуваме честитки со пријателите и да ги всадиме овие вредности во мислите и срцата на нашите деца и млади. Ова е единствениот начин да го зајакнеме уште повеќе нашето семејно стебло”, рече Наим Трнава, муфтија на Косово.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button