ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На Маричиќ не му е чудно тоа што Артан Груби е координатор за изградбата на Коридорот 8

Коридорот 8 е најважниот инфраструктурен проект на оваа Влада и сите вложуваме максимални напори тој да успее. Затоа мислам дека е екстремно важно сите членови на Владата од свој аспект да бидат вклучени во овој проект. И за ниту еден член не треба да биде чудно ако се вклучи дополнително со екстра напор во спроведување на овој проект. Вака вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ го коментира назначувањето на неговиот колега Артан Груби за координатор на изградбата на Коридорот 8, патот Блаце-Скопје, пругата Кичево-Лин и граничните контроли кон Косово и Албанија.

Advertisements

„Тоа што Владата одлучи вицепремиерот Груби да биде координатор на овие активности значи дека има потреба од посилна координација затоа што има надлежности кои припаѓаат на Министерството за транспорт и врски, тие се многубројни и никој не ги одзема, напротив ќе ги спроведуваат МТВ. Но, исто така, има многу процедури и акции кои треба да се преземат во однос на меѓусебна комуникација на институциите, дозволи, процес на експропријација. Навистина има многу работа во тој проект и затоа еден од вицепремиерите е задолжен да го следи спроведувањето и да биде еден вид на надзор и поддршка на тој процес. И тоа не е првпат и тоа не е ништо чудно“, рече Маричиќ одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес конференција со неговата српска колешка Тања Мишчевиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button