На многу ученици им се оди во училиште

„Жолти долини“, „Принцезата Арѓиро“, „Историјата на Скендербег“ и многу други се само дел од имињата на лектирите со кои основците и средношколците го заокружуваат овој продолжен зимски распуст. На дел од учениците, продолжениот одмор не им се допаѓа бидејќи им недостасуваат наставниците и пријателите.
„Не е добро бидејќи сакав да одам на училиште за да ги сретнам другарите. Прочитав некои лектири иако ги немавме, но ги прочитав, прочитав и некои верски книги. Задоволство ми е кога читам книги“…
„Најмногу се занимавам со книги по математика бидејќи ми се допаѓа математиката и максимално вежбав да бидам прв по математика. Читам и лектири затоа што сакам да читам кога имам слободно време да не седам за џабе“, велат учениците.
Некои други ученици се надеваат дополнителните слободни денови да ги искористат за заштита и лекување од Ковид 19 и разни сезонски вируси.
„Добро е што зимскиот распуст продолжи за да можат сите оние ученици кои се болни да закрепнат. Кога ќе се вратиме на училиште, да бидеме сите заедно и никој да не недостасува“…
„Прочитав лектири и уште неколку книги. Сакам да читам многу различни лектири бидејќи тоа е многу добро. Не бевме задолжени од училиштето, туку сами го избравме. Која ја избравте? Принцезата Арѓиро“, рекоа учениците.
Во библиотеката „Цветан Димов“ во Чаир за време на распустот имало многу позајмувања. Повеќето од нив биле основци.
„Не даваме толку книги цела година како што даваме во јануари и презадоволни сме. Најмногу посетители има од основно и средно училиште, имаме многу малку читатели пензионери и многу малку студенти во оваа библиотека. Ги бараа лектирите што треба да ги обработат, но бараат и слободно читање. Во последно време бараат повеќе психолошки книги, во ова време можеби дури поради короната и пандемијата“, рече Адије Дестановиќ, библиотека „Цветан Димов“.
Сепак, освен за читање, зимскиот распуст децата го искористија и за многу слободни активности.
Мелихате Рустеми