На пазарите малку промет, доминираат пензионери „шпараџии“

Иако сме во празничен месец на пазарите има малку купувачи, велат продавачите на овошје и зеленчук. Се жалат дека малкумината кои доаѓаат во најголем број случаи се пензионери кои со своите ниски пензии купуваат малку.
„Цените не се покачени туку се пониски. 50 денари мандарини, цените се добри, но луѓето немаат, невработеност е, младите бегаат, пазарот е празен, проблем.“
„Цените не се високи, нормални се како и порано, но населението е слабо финансиски. Нема ли продажба како порано? Со овој производ сум три-четири дена, прашуваат како се цените и не е дека се зголемени, туку буџетот е слаб кај населението“, велат продавачите.
Од друга страна, дел од купувачите сметаат дека цените најмногу се зголемуваат за време на празниците. Други пак, велат дека не се промениле иако сме на крајот од годината.
Иако пред неколку години можеби требаа повеќе од една торба за да се купи сè што е потребно за празниците, денес повеќето луѓе земаат само една торба. Дури и тие што велеа дека цените се високи, а пензиите ниски, велат дека празниците сепак треба да се прослават.
Авни Тахири