ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

На подолг рок нѐ очекува поскапување на производите

По три месеци повеќе не важи мерката за замрзнати цени на основните прехрабени производи но од денеска стапи на сила ограничената трговска маржа на производите, или разликата меѓу набавната и продажната цена. Трговците нема да можат да ја зголемат маржата на производот над 5 проценти во трговијата на големо, и над 10 проценти во трговијата на мало. Економистите велат дека на краток рок оваа мерка би дала ефект од драстично зголемување на цените на прозиводите за граѓаните. Сепак зголемените трошоци на производителите ќе предизвикаат раст на цените вкучувајќи ги и на основните прехранбени производи.

Advertisements

„Оваа мерка краткорочно ќе даде резлутат, но среднорочно ќе се појават проблеми на пазарите односно ќе имаме зголемување на цените. Се очекува производителите да вршат притисок за зголемување на цените, бидејќи трошоците за производство и на основните продукти како што е лебот се зголемени и мора да прават притисок за зголемување на овие продукти. Би рекол дека е најдобро за основните прехрабени производи да имаме намалување на ДДВ-то за да имаат добивка и производителите и трговците, и граѓаните“, вели Абил Бауш, професор.

На првиот ден од ограничување на маржите, се забележува зголемување на цената на лебот кај одредени трговци вели министерот за економија Крешник Бектеши. Според него ценовни шокови нема да се случат, граѓаните да не стравуваат ниту од недостиг на храна бидејќи стоковните резерви се полни.

„Имаме информации дека одредени производители ги зголемиле цените, но цените се од 25 до 30 денари тоа може да го забележат граѓаните. Денеска е само прв ден во наредните два три дена сите ќе се вратат на цените кои се предвидени со одлуката“, изјави Бектеши.

Трговската маржа важи за лебот, шеќерот, солта, брашното, маслото, млекото, свежото месо, оризот, јајцата, сирењето, урдата, тестенините, пченицата и овошјето и зеленчукот. Секое непочитување на предвидена мерка предвидува парична казна од 800 па се до 10 илјади евра во зависност од големината на трговецот.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button