ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На полноќ истекува рокот за собирање потписи за претседателските и кандидатите за пратеници

Собирањето граѓански потписи за претседателските и кандидатурите за пратеници во парламентот, кое почна пред точно две недели, на 23 февруари, завршува денеска на полноќ. Во подрачните канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК) граѓаните ќе може до вечерва заклучно со 24 часот да го дадат својот потпис за некој од претендентите за кандидати за шеф на државата или за независните листи за пратеници.

Advertisements

По десет илјади потписи за кандидатура на претседателските избори собираат вкупно 15 кандидати. Седум од нив веќе успеаја да го соберат потребниот број на граѓански потписи и да си обезбедат место во трката за шеф на државата чиј прв круг ќе се одржи на 24 април, а вториот на 8 мај заедно со парламентарните избори.

Потребниот минимум од 10 000 потписи за претседатеската кандидатура досега освоија – Бујар Османи (ДУИ), Арбен Таравари (коалиција „Вреди“), Максим Димитриевски (Движење ЗНАМ), Стевчо Јакимовски (ГРОМ), Билјана Ванковска-Цветковска (Левица), како и кандидатите на СДСМ, Стево Пендаровски и на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова. Останатите осум кандидати сè уште се во процес на собирање на потписите. Кај нив бројот на собрани граѓански потписи од 23 февруари до 6 март се движи во интервал од 0 до 2 100.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button