ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
На Попова Шапка 75 сантиметри снег

Минус седум степени се измерени изутрина на Попова Шапка каде има и највисока снежна покривка од 75 степени. Во Маврови Анови се регистрирани -4 степени, -3 во Крушево, -1 во Прилеп, Берово, Дебар и Виница, 0 во Тетово, Струмица, Битола, Охрид и Претор, 1 во Штип, Куманово и Крива Паланка, а два во Скопје, Дојран, Демир Капија, 4 Гевгелија.
Во Маврови Анови има 43 сантиметри снег, 24 во Пожаране, 18 Крушево и Виница, 10 во Берово, седум во Тетово, шест во Крива Паланка, три во Струмица и Претор, два во Ѓуриште, еден сантиметар Прилеп.