На Попова Шапка започна скијачката сезона

Со голем број гости и од Косово и Албанија, но и домашни посетители. со топло добредојде на Попова Шапка, се отвори скијачката сезона. Иако нема доволно снег, сепак со шеесет проценти од капацитетот, скијачите од денеска ќе можат да уживаат во ова туристичко место.
„Редовен скијач од 13 години, инаку секогаш скијам. Доколку има снег, очекувам забава и добро скијање“, вели Неџбедин Гафури- скијач.
„Доаѓам од Косово, многу ми се допаѓа овде. Добро е времето.. Доаѓам редовно, но тука се потребни повеќе инвестиции“, вели еден гостин од Косово.
Директорот Адем Авзиу вели дека се е подготвено за оваа туристичка сезона.
„Денеска ќе работиме со 60 проценти капацитет бидејќи бројот на скијачи не е голем и не сме во екот на туристичката сезона“, вели Авзиу
Цените на билетите се исти и годинава, додека капацитетот на собите кои се нудат за пречек на гости е зголемен и изнесува некаде над илјада соби.
Башким Сулејмани