МАКЕДОНИЈА

На повидок договор меѓу Синдикатот на УКИМ и Џафери

Сојузот на синдикати на Универзитетот „Кирил и Методиј“ – Скопје и претседателот на Собранието, Талат Џафери, се пред изнаоѓање решение за нов колективен договор и покачување на платите на наставниот и ненаставниот кадар на најстариот и најголемиот универзитет во земјава.

Advertisements

Ветувањата се дека до Нова година ќе се стави потпис на новиот колективен договор, но останува уште да се допрецизира степенот на покачување на платите. Она што го бараа синдикалците е покачување од по 25 проценти на годишно ниво, за по четири години да се достигне ниво од 100-процентно покачување на платите.

Позитивните сигнали дека ќе се постигне решение дојдоа по денешната прва средба во рамки на процесот за мирно решавање на спорот што пред помалку од еден месец беше побарано од Синдикатот.

Претседателот на Синдикатот, Ангел Ристов, оцени дека средбата била конструктивна и плодна. Како што рече, од Џафери добиле ветување дека финалниот колективен договор ќе се потпише до 29 декември.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button