ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На пожарот во Хром му претходело убиство

По информацијата на МВР дека пожар бил предизвикан во стан во скопската населба Хром и дека бил пронаден труп на маж, Обвинителството соопшти дека всушност најверојатно некој сакал да сокрие убиство. Сопственикот на запалениот стан имал рани со нож, пред да биде опожарено неговото тело, а истрагата продолжува.

Advertisements

Со обдукцијата извршена по наредба на јавниот обвинител, кај починатиот биле потврдени траги на насилство, односно од убоди со остар предмет како причина за смртта. Првичните сознанија упатуваат дека пожарот бил подметнат за да се прикрие кривичното дело.

Вчера беше пријавено дека гори стан на четвртиот кат од петокатница во Хром. Противпожарната бригада на град Скопје интервенираше во гаснењето на огнот со три противпожарни возила. На местото беа распоредени и екипи на итната медицинска помош.

Во текот на денешниот ден, во координација со МВР, се преземаат и други дејствија и се издаваат наредби за целосно расчистување на настанот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button