На пристаништето во Неа Скиони донесен вториот спасен Македонец од морето
На пристаништето во Неа Скиони донесен вториот спасен Македонец од морето

По 18 часа поминати во море, спасен е еден од македонските државјани на Халкидики. Со насмевка на лицето и во добро расположение, триесет годишниот Иван стапна на копно на малото пристаниште во Неа Скиони и беше пренесен со возило на брза помош во болница. Според грчките медиуми, токму тој вчера славел роденден. Од страна на новинарите беше пречекан со прашањето дали спасениот живот му е подарок за роденден.
„Сигурно ова ми најлош подарок за роденден“, рече Иван, спасен.
Роднините на Иван во изјава за грчките медиуми велат дека се пресреќни што тој е добар.
„Беа долги 24 часа, беше дефинитивно многу стресно, но многу сме среќни што тој е добро. Сите мислевме дека ќе биде во многу полоша состојба, но тој е добар“,рече роднина на Иван.
Иван бил најден на околу 20 километри од брегот. Градоначалничката на општината Касандра, вели дека добрата физичка сила му помогнала на Иван да преживее. Тој ѝ кажал оти му помогнала и топка која нашол во морето и се држел за неа цело време.
„Пливал методично и систематски и успевал да се одржи и да лебди на водата за да се одмора повремено. Му помогнало што е физички добро подготвен. Сега е во болница и нема посериозни проблеми, но е под стрес и е дехидриран“, изјави Анастасија Халкиа, Градоначалничка на Касандрија.
Од македонското МНР официјално се запознаени со случајот и преземаат мерки.
„Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун е во комуникација со семејствата на загрозените наши државјани и стои на располагање за секаква помош“, рекоа од Министерство за надворешни работи – Скопје.
Според информациите од грчките медиуми, сè започнало кога тројцата Македонци на возраст од 25, 28 и 30 години за време на роденденска забава на плажата во Посиди вчера доцна попладне решиле да влезат во морето. Но, невремето, силниот ветер и морските струи ги одвлекле кон отворено море.
25-годишниот беше пронајден уште вчера./Alsat.mk
Андреа Чобанова