СВЕТ

На протестите ширум Израел десетици илјади граѓани побараа оставка од Нетанјаху

Десетици илјади Израелци викендов демонстрираа низ целата земја против владата на Бенјамин Нетанјаху, барајќи посериозни напори за ослободување на заложниците кои Хамас ги држи шест месеци.

Само во Тел Авив, како што пренесува Гардијан, на улиците излегле 100 000 луѓе. Извикувајќи „избори сега“, демонстрантите го повикаа Нетанјаху веднаш да поднесе оставка и побараа избори.

Локалните медиуми јавија дека едно лице, наводно, намерно со автомобил прегазило тројца учесници во протестите, кои се здобиле со повреди. Полицијата го привела возачот.

Митинзи беа одржани и во други градови, а лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид учествуваше на еден во Кфар Саба пред да замине во Вашингтон на разговори.

„Ништо не научија, не се сменија“, рече тој и додаде: „Сè додека не ги испратиме дома, тие нема да и дадат шанса на оваа земја да оди напред“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button