ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На пункт за серолошки скрининг во Карпош земени околу 200 единици крв

Со логистичка поддршка од Општина Карпош, денеска на платото во Т.Ц „Лептокарија“, Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет во Скопје, спроведе научно истражување, за да го утврди процентот на луѓе кои стекнале антитела од вирусот Ковид – 19.

Advertisements

Како што соопштија од општина Карпош, по случаен избор на граѓани, стручните лица од Институтот земаа примероци од крв, преку кои ќе го анализираат присуството на антитела на ковид -19, а по една седмица, граѓаните ќе добијат бесплатен клинички резултат по електронски пат, на својата мејл адреса.

Во рамки на денешниот серолошки скрининг во Карпош, беа земени околу 200 единици крв од потребниот примерок за анализа. Истражувањето ќе се спроведе и во другите скопски општини, при што треба да се испитаат вкупно 1.000 примероци, според кои треба да се утврди процентот на колективен имунитет на граѓаните од главниот град.

Серолошкиот скрининг кој почна во Скопје, е планиран да се спроведе на повеќе локации кои не ги откриваат со цел да не доаѓаат луѓе наменски да се тестираат, туку да добијат преглед за состојбата на терен од случајни минувачи.

– Планот е за Скопје да собереме околу 1000 испитаници, веројатно на пет различни локации. Како ги собираме очекувам во почетокот на следната недела да имаме првични податоци за серопреваленцата во Скопје. Паралелно со тестирањето во Скопје тестираме и низ државата со тоа што тука ни помагаат трансфузиолошките заводи кои имаат голем број здрави дарители кои не планираат да се тестираат заради болест, заради некаков симптом. Ќе ги искористиме тие примероци и исто така планираме помош и од центрите за јавно здравје, но скринингот во Македонија ќе доцни ден-два затоа што имаме малку организациски одложувања, изјави вчера на прес-конференција во врска со скринингот претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button