На Шапка 71 сантиметар снег, во Маврово 44

На Попова Шапка е формирана снежна покривка од 71 сантиметар, во Маврово 44, Крушево 41, во Битола 36, Дебар 33, Демир Капија 28, во Тетово и Претор 25, Приле и Штип 24, Берово 22, Охрид 18 и во Скопје 15 сантиметри.
УХМР информира дека на Попова Шапка е измерена и најниска температира од -14 степени, а следуваат Маврово со -12, -8 Берово, -7 Претор, Прилеп, -6 Крива Паланка, Охрид, Битола, -4 Скопје, Тетово, Штип, -3 Демир Капија, Струмица, -2 Гевгелија.
До крајот на денот ќе биде облачно, во јужните делови со повремени врнежи од снег, кои до крајот на денот ќе престанат. Во текот на ноќта умерено облачно со умерен до засилен северен ветер.
Сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -16 до -6, а максималната ќе достигне од -5 до 0 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -12, а максималната ќе достигне до 0 степени.