МАКЕДОНИЈА
На Шар Планина пронајдени две неексплодирани бомби кашикари

Две неексплодирани бомби кашикари биле пронајдени вчера во подножјето на Шар Планина.
„Вчера во 13.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека во шумскиот предел во атарот на с.Ѓермо, тетовско, И.И.(38) од с.Ѓермо пронашол две неексплодирани рачни бомби – кашикари, покриени со лисја и земја. Полициски службеници од СВР Тетово извршиле увид, а по наредба на јавен обвинител бомбите биле подигнати од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување за натамошна постапка“, информираат од МВР.