ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На шест избирачки места се гласа со УВ ламба и спреј

Генерално, на повеќето гласачки места состојбата е добра, оценува првиот човек на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.  Пратен е е-маил до сите избирачки места за сите проблеми во најбрз можен рок да ја известат ДИК. На шест избирачки места се користи стариот метод на гласање – УВ ламба и спреј со решение на ДИК, вели претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Едното е во Старо Нагоричане, се работи за планинско место, треба да се стаса со теренско возило, а има само 15 гласачи. Поради тоа, тој како што кажа, потпишал решение да се гласа на стариот начин. Подетални информации најави за следната прес-конференција.

Даштевски информираше и дека на 11 избирачки места имало прекин повеќе од еден час, но гласањето продолжило.

„Сега за сега нема прекин на гласањето повеќе од три часа“, изјави Даштевски.
ДИК испратиле е-меил до општинските изборни комисии со барање да известат за сите проблеми во најбрз можен рок.

Претседателот на ДИК рече дека бил направен увид во неколку избирачки места каде што имало редици за гласање и појасни дека гужви се создавале затоа што во гласачкото место се пуштал по еден гласач поради ковид-мерките. ДИК испратила упатство до ОИК на избирачките места да се пуштаат онолку гласачи, колку што има паравани за гласање.

Даштевски оцени дека гласањето тече добро во најголем дел од гласачките места. До 12 и 30 часот до ОИК има пристигнато 48 приговори за заштита на избирачко право од кои 26 се прифатени, а четири се одбиени поради неисполнување на условите и 18 сè уште се обработуваат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button