ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На штрајкувачите ќе им се платат само придонеси, порача Тренчевска

Не се работи ниту за притисок ниту за уцена, се работи за почитување на Законот за работни односи и колективниот договор, вели министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска за тоа што на вработените во градинките кои штрајкуваат ќе им се платат само придонеси по минимална основа.

Advertisements

„Во колективниот договор убаво е дефинирано што во случај на штрајк и што е должен работодавецот. Истото е дефинирано и во Законот за работни односи каде вели дека во услови на штрајк работодавецот е должен да исплати придонеси на сите оние работници кои штрајкуваат на најниската основица за исплата на придонесите. Следниот член од законот, 241, дава можност СОНК да им обезбеди исплата на нето-плата на сите оние работници кои штрајкуваат. Затоа сметам дека се работи за почитување на закон и на колективен договор, а не за какви било притисоци или уцени од страна на Министерството врз градинките односно вработените кои штрајкуваат“, изјави утрово Тренчевска.

Доколку таа потпише да им се исплатат плати на штрајкувачите, како што вели, може да одговара и кривично.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button