МАКЕДОНИЈА
На скопскиот аеродром уапсени две лица од Турција, на увид дале фалсификувани пасоши

Вчера во 10.00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници ги лишиле од слобода 53-годишниот И.К. и 26-годишниот С.К., двајцата од Република Турција, затоа што при пасошка контрола и проверки во оперативна евиденција било констатирано дека приложиле фалсификувани патни исправи.
Тие биле предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.