На словачкиот премиер Фицо ќе му биде извршена уште една операција

Словачкиот премиер Роберт Фицо врз кого вчера (15 мај) беше извршен атентат во градот Хандлови, го чека уште една операција, пишува словачкиот портал Правда.
Абдоминалното крварење на Фицо е запрено, но тој се соочува со операција на колкот.
Во меѓувреме, полицијата го обвини напаѓачот на премиерот за убиство со предумисла и се соочува со казна од 25 години до доживотен затвор.
Како што пренесува порталот, напаѓачот, за кого медиумите пренесуваат дека е 71-годишниот писател Јурај Цинтула, рекол дека е горд на својот чин.
РТВС објави дека напаѓачот моментално се наоѓа во ќелијата на Националната агенција за криминал во Нитра.
Лекарите во текот на ноќта успеале да ја стабилизираат состојбата на словачкиот премиер по вчерашниот атентат во градот Хандлови, но таа сѐ уште е тешка, соопшти претходно денеска директорката на болницата во Банска Бистрица, Миријам Лапуникова.