ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На специјалните е-мајлови на МОН десетици пријави за ученичко насилство

На електронската адреса за пријавување насилство на МОН за кратко време пристигнаа десетици пораки. Дел од нив се од ученици кои се пожалиле дека биле жртви на одреден облик на насилство, соопшти министерството кое по убиствата во училиштето во Белград отвори две имејл адреси за пријавување на секаков вид малтретирање во училиштата: [email protected] или paraqitdhunë@mon.gov.mk.

Advertisements

„Пристигнати се 20-тина пораки, дел од нив се сугестии од поранешни наставници како да се влијае на насилството меѓу врсниците, а дел се пријави од ученици дека биле жртви на одреден облик на врсничко насилство за кое е надлежен Државниот просветен инспекторат“, велат од МОН.

Од Инспекторатот велат дека е зголемен бројот на поднесоци и ги преземаат сите неопходни мерки врз основа на овластувањата утврдени со закон.

„Од неодамнешните настани што се случија во Србија зголемени се поднесоци, за само 3-4 дена имаме 10 нови жалби кои се однесуваат на насилство врз ученици. Ние како инспектори ги разгледавме тие случаи и преземаме мерки. Инспекторатот конкретно презема мерки да не се повторат и ги упатува директорите на училиштата да го направат раководството што е можно поефикасно за организирање на воспитно-образовниот процес“, рече Халит Ферати, Државен просветен инспекторат.

Директорката на ОУ „Кирил и Методиј“ Соња Кирковска информира дека веќе биле одржани интерни состаноци, средби со ученици, родители, претставници на општина Центар и други надлежни институции.

Министерството за образование веќе ја започна кампањата „Заедно да го прекинеме насилството“ во чии рамки се испратени наредби до сите училишта за создавање на мирна училишна средина без каква било форма на насилство.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button