ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На стартот на второто полугодие, голем број деца заболени од грип

На стартот на второто полугодие, голем број деца заболени од грип

Речиси сите основни и средни училишта ги направија завршните подготовки за почетокот на второто училишно полугодие. Посебно внимание се посветува на хигиената во училиштата, особено сега кога бројот на случаи на разни вируси е голем. Директорката на основното училиште „Лирија“ во Чаир, за Алсат изјави дека од првиот ден на наставата ќе се евидентираат отсуствата на учениците за да се види реалната состојба на учениците погодени од грип.

„Ги спроведовме сите подготовки за почетокот на ова полугодие во однос на чистење на училиштето, средување, дезинфекција, дератизација на училиштето и во други аспекти, други подготовки. Сметаме дека сме подготвени за добар почеток на ова полугодие. Во однос на бројот на заболени од сезонски грип, се надеваме дека овој број ќе се намали и најдобро ќе ја видиме оваа ситуација во понеделник кога ќе дојдат нашите деца и ќе имаме реална слика за тоа колку деца сме погодени од сезонски грип “, рече Теута Идризи, директорка на ОУ „Лирија“.

Идризи потсети дека училиштето што го води веќе е снабдено со гориво, доволно до крајот на грејната сезона.

„Дури и во однос на греењето ние сме подготвени, имаме сопствено греење ние сме снабдени со нафта. Имавме и состанок на наставничкиот совет, сè е планирано, продолжуваме со вообичаените распореди, со организирање на смени со кои функционира училиштето и сè е во ред“, додаде Теута Идризи, директорка на ОУ „Лирија“.

Второто полугодие или воопшто учебната година ќе заврши на 10 јуни. Пролетниот распуст во кој уживаа минатата година повеќе не постои, бидејќи за тоа така одлучи новата министерка за образование, Весна Јаневска, со образложение дека тоа го побарале родителите и учениците во анкетата спроведена од Мон./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button