На Стоиљковиќ не му се допаѓа известувањето на Алсат за непримената на албанскиот јазик
На Стоиљковиќ не му се допаѓа известувањето на Алсат за непримената на албанскиот јазик

Иницијативата на телевизијата Алсат за враќањето на албанскиот јазик во Министерството за односи со заедниците го иритираше вицепремиерот и министерот Иван Стоилковиќ, кој раководи со министерството одговорно за спроведување на Охридскиот договор.
Сотилковиќ во статус на Фејсбук дава коментари и толкувања за известувањето на Алсат, дури и дотаму што вели дека самата телевизија го создала проблемот.
Статусот на Стоилковиќ во ниту еден момент не го побива она што го објави Алсат, поточно „исчезнувањето“ на албанскиот јазик од веб-страницата, туку е чист коментар и напад на медиумите, од позиција на вицепремиер.
Всушност, вистината е дека Иван Стоилковиќ пет месеци ја одржуваше веб-страницата на Министерството само на македонски јазик, а дури по вонреден надзор на Инспекторатот за јазици, по пријавата од Алсат, ја пушти во употреба албанската верзија. А тоа стои и во известувањето на Инспекторатот.
Стоилковиќ пишува дека веб-страницата била еднојазична односно само на албански, а сега станала повеќејазична. Ова, всушност не е точно. Веб-страницата на Министерството за заедници претходно беше на македонски, албански и англиски јазик. Стоилковиќ најавува и верзии на турски, влашки, босански и ромски јазик, но засега тие се појавуваат само како категории и не се функционални. Верзијата на англиски јазик пак последен пат е ажурирана на 22 ноември.
Стоилковиќ вели дека обработката на новата веб-страница, ангажирањето на преведувачите било волонтрески. Но, спроведување на Законот не е доброволна туку е законска обврска.
На обидот на Стоилковиќ, да ја оцрни телевизијата, Алсат одговара со професионална работа, следејќи и водејќи сметка за почитувањето на законите кои се важни за граѓаните. Дотолку повеќе што и неговата позиција е поврзана токму со почитување на овие прашања на кои инсититира Алсат./Алсат.мк
Суад Бајрами