ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
На „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу половина час

Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) соопштува дека и утрово интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила. Се чека околу половина час.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.