ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На „Табановце“ се чека околу еден час, на „Богородица“ од 30 минути до еден час

На „Табановце“ се чека околу еден час, на „Богородица“ од 30 минути до еден час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП „Табановце“ времето на чекање за влез во државата е околу еден час, а на ГП „Богородица времето на чекање за излез од државата е од 30 минути до еден час.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button