ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На Табановце за влез во земјава се чека 40 минути

На Табановце за влез во земјава се чека 40 минути

На граничниот премин Табановце за влез во земјава се чека околу 40 минути. На останатите премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти утрово АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button