МАКЕДОНИЈА

На Табановце запленети 248 грама злато

Цариници од мобилниот тим на Царинската управа на граничниот премин „Табановце“ заплениле 248 грама злато чија проценета вредност е околу 12 илјади евра.

Од Царинската управа велат дека златото било пронајдено кај двајца сопатници што патувале со патничко комбе и кои планирале да го изнесат од државата без да го пријават кај царинските органи.

„Патниците кои патувале со патничко комбе на излез на Табановце од страна на Мобилен тим на Секторот за контрола и истраги се селектирани за детална контрола при што кај двајцата се пронајдени купчиња злато. Едниот од патниците околу вратот носел една црна врвка и еден синџир на кои биле прикачени два купа готов златен накит со тежина од 201,82 грама што биле смотани во креп-лента. Другиот патник на вратот носел синџир на којшто имал прикачен куп од повеќе прстени со тежина од 46,48 грама“, се вели во соопштението од Царинската управа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button