МАКЕДОНИЈА

На територијата на цела држава изречени 257 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 257 возачи.

Advertisements

Од нив, информираа денеска од МВР, 25 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 89 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 168 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button