На учениците од Чашка и натаму им се ускратува правото на образование на албански
На учениците од Чашка и натаму им се ускратува правото на образование на албански

Чашка и денеска остана блокирана. Блокирањето на влезот и излезот на општината од демонстрантите ја држи во заложништво наставата во основното училиште „Тодор Јанев“ каде учат над 150 ученици Албанци и Македонци од оваа општина.
Демонстрантите бараат префрлање на албанската паралела во друго село, оставка од директорот и враќање на ингеренциите во сферата на образованието кај градоначалникот на општина Чашка.
Од почетокот на протестот имаше повеќе инциденти од страна на демонстрантите, а според директорот на Државниот просветен инспекторат Халит Ферати бил нападнат и инспектор на теренот. Но, според МВР, нападот врз инспекторот не бил пријавен во Чашка, туку во велешката полиција.
„На 15.01.2024 година, СВР Велес доби писмена пријава од Државниот просветен инспекторат дека на 25.12.2023 година група родители кои протестирале пред ОУ „Тодор Јанев“ спречиле нивен вработен да изврши вонреден увид во училиштето. Лицето кое пријавителот го посочило во писмената пријава што го спречило да влезе во училиштето е повикано во полиција во Чашка. Известување за настанот е испратено до Државниот просветен инспекторат и Основното јавно обвинителство-Велес со комплетна документација” велат од МВР.
Од МВР додаваат дека во врска со физичкиот напад врз директорката на ОУ „Тодор Јанев“ во Чашка, полициската единица Чашка повикала лица, направена е соодветна пријава и поднесено барање за поведување на прекршочна постапка./Алсат.мк
Авни Тахири